Mücahit Aydemir
21 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ТРИПОЛИ
Првите дипломци ги даде програмата за воена обука за либиската војска која во оваа земја ја реализираа Вооружените сили на Република Турција (TSK) во рамките на Меморандумот за разбирање за воена и безбедносна соработка кои минатата година го потпишаа владите на Турција и Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските вооруженисили во изминатите осум седмици ги обучуваа либиските војници за да либиската војска ги постигне меѓународните стандарди.
Со завршување на програмата на обуката организираное отворање на Заедничкиот центар за обука „Омер Мухтар" во Триполи и церемонија на доделување на дипломи на учесниците во воената обука.
На свеченоста присуствуваа заменик премиерот на Либија Ахмед Маитек, амбасадорот на Турција во Либија Серхат Аксен, либискиот министер за одбрана Селахадин Немруш, началникот на Генералштабот на Либија Мухамед ел-Хадад и бројни поканети гости.
Церемонијата започна со читање на делови од Куранот и со интонирање на државните химни на двете земји.
„За да ја донесеме Либија до мир и благосостојба, ја презедовме таа света должност со најдлабоки чувства. Од моментот кога пред точно два месеци му се придруживме на овој центар за обука, нашите либински и турски команданти многу добро нѐ обучија. Нѐ прифатија како мајка и татко и не вежбаа и опремија да бидеме силни", рече еден од учесниците на обуката.
- Прв плод на либиско-турската воена соработка
Либискиот министер за одбрана Селахадин Немруш изјави дека отворениот центар за копнена обука „Омер Мухтар" има за цел да ги подготви либиските воени кадри и да ги развие психолошки, физички и професионално во согласност со највисоките стандарди.
Наведе дека со овој свечен чин се убрани првите плодови на либиско-турската воена соработка на подрачјето на воената обука.
„Таа соработка не е случајност, тоа е соработка која се темели на длабоки историски врски", порача Немруш.
- Кунуну: Соработката ќе продолжи
„Овој центар претставува еден од похрабрите чекори преземени во рамките на легитимните договори помеѓу либиската и турската влада, во согласност со локалните и меѓународни закони", рече гласноговорникот на либиската војска, полковник Мухамед Кунуну за АА.
Нагласи дека активностите од областа на воената обука помеѓу двете земји ќе продолжат.
„Ќе продолжиме со својот пат на темел на професионалноста и легитимитетот. Целта ни е да ја заштитиме од 17 февруари (2011 година) и разбирањето на граѓанската, уставна држава. Турската влада исто така е со нас во рамките на меѓународните договори", рече Кануну.
Во рамките на свеченоста либиските војници имаа можност да ги покажат стекнатите вештини во рамките на обуката, снајперско гаѓање, поединечна борба, борба против командоси, борба во населени подрачја, уништување импровизиран експлозив, мини, пружање прва помош, картографија, планински услови на борба, обезбедување.
Војниците исто така, покажаа методи на спуштање од хеликоптер и бројни други вештини, а по врачувањето на дипломите, прочитаа заклетва на либиската војска.