İlker Girit
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, денес изјави дека шпанските компании треба да продолжат со поголеми инвестиции во Турција, бидејќи земјата има значаен потенцијал за бизниси со меѓународно искуство, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се на состанокот на Шпанската конфедерација на бизнис-организации во Мадрид, Омер Челик истакна дека на Турција ќе ѝ биде чест да работи со шпанските инвеститори.
„Обновливата енергија, технолоогиите поврзани со сообраќајната инфраструктура, трансформацијата на здравството и подобрувањето на квалитетот, како и информатичките и комуникациските технологии се во преден план од големите идни инвестиции“, рече Челик.
Според податоците на турското Министерство за надворешни работи, меѓусебната трговска размена меѓу Турција и Шпанија во 2016 година изнесувала 10,6 милијарди долари, со пораст од 3,2 отсто во споредба со 2015 година.
До крајот на 2016 година во Турција функционирале околу 650 шпански компании, додека истата година околу 75 турски фирми беа активни во Шпанија.
„Странските директни инвестиции од Шпанија во периодот помеѓу 2002 до 2016 година изнесуваа 7,6 милијарди долари. Шпанија е рангирана на осмото место според директните инвестиции во Турција во наведениот период“, се вели од министерството.