Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
22 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ИДЛИБ (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) испратија воен конвој со голем број оклопни возила, персонал и муниција во точките за набљудување во деескалационата зона во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили (ТСК) во точките за набљудување во деескалационата зона во Идлиб испратија голем број оклопни возила, персонал и муниција со цел да ги зајакнат.
Во рамките на договорот од Астана, во деескалационата зона во Идлиб Турските вооружени сили (ТСК) имаат 12 точки за набљудување на прекинот на огнот.
- Состојбата во деескалационата зона во Идлиб
Идлиб, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, речиси од почетокот на граѓанската војна е познат како средиште на опозицијата. Центарот на Идлиб, чие население со внатрешната миграција достигна до 4 милиони, во март 2015 година влезе под контрола на опозицијата. Идлиб се наоѓа на чело на местата каде што режимот врши најинтензивни напади.
На состанокот во Астана одржан на 4 и 5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран го прогласија Идлиб и неговата околина за „деескалациона зона“. Турција и Русија постигнаа дополнителен договор откако силите на режимот често го прекршуваа примирјето.
Силите на режимот со поддршка на своите поддржувачи продолжуваат со нападите, и покрај Договорот потпишан на 17 септември 2018 година во рускиот град Сочи.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека во нападите кои силите на Асад и Русија ги реализираа во периодот од 26 април до 19 август во зоната за деескалација во Идлиб, животот го загубија најмалку 843 цивили.
Од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот за Идлиб меѓу Турција и Русија, досега се раселија 945.992 цивили.