Özcan Yıldırım
13 Февруари 2021•Ажурирај: 13 Февруари 2021
АНКАРА
Турските сили преку воздушна операција реализирана во рамки на операцијата „Канџа Орел-2" неутрализираа уште двајца терористи на терористичката организација ПКК во подрачјето на Гара во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преки соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека во тек е операцијата „Канџа Орел-2" и дека во овие рамки, преку воздушна операција се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК кои биле откриени во Гара.
Се истакнува дека со ова, вкупната бројка на неутрализирани терористи во Гара се зголеми на 39.