Burç Eruygur
02 Октомври 2024•Ажурирај: 03 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинската армија денес соопшти дека им наредила на своите војници да се повлечат од градот Вуледар, во Регионот Доњецк, по големата офанзива на руските сили, јавува Анадолу.
Украинската висока команда нареди нивно повлекување заради заштита на персоналот и борбената опрема, како и заземање нови позиции во услови на закана од опкружувањето, се вели во соопштението на оперативно-стратегиската група Хортица, единица на копнените сили на Украина.
Еден ден претходно гувернерот на Доњецк, Вадим Филашкин, рече дека руските сили речиси стигнале до центарот на Вуледар, иако судирите продолжуваат.
Филашкин рече дека е речиси невозможно да се достави хуманитарна помош во Вухледар и додаде дека 107 лица сѐ уште се наоѓаат во градот.
Ниту руските ниту највисоките украински власти засега не ја коментираа ситуацијата.