Gözde Bayar
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) вчера соопшти дека во првиот квартал на оваа година поделила основна хуманитарна помош за 250.000 лица раселени поради војната во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кабинетот на УНХЦР во Јемен на Твитер соопшти дека поголемиот дел на внатрешнораселените лица во Јемен не ја добиле потребната помош.
Сепак, од јануари до март помошта е пружена за најмалку 250.000 раселени лица на кои им се поделени прекривки, кујнски сетови и други средства.
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, се случуваат судири помеѓу Хусите и владините сили.
Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја.
Оттогаш, неколку илјади лица, меѓу кои и голем број цивили, се убиени во судирите, а ОН предупредува дека околу 14 милиони лица се соочуваат со ризик од глад.