Ekip
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
ТРЕБЕС (АА) - Жерард Коломб, министерот за внатрешни работи на Франција, изјави дека полицискиот службеник, кој со херојскиот чин се замени со заложник во супермаркет, почина од здобиените повреди, јавува Anadolu Agency (AA).
Коломб на Твитер, во саботата наутро, напишал дека полковникот Арнауд Белтрам „починал за својата земја“.
Белтрам во петокот му се понуди на 25-годишниот напаѓач Редван Лакдим, како замена за жената-заложник. Тој успешно го остави својот мобилен телефон вклучен, така што полицијата надвор можеше да чуе што се случува во супермаркетот. Официјалните лица изјавија дека, кога полицијата слушнала пукање во супермаркетот, одлучила да го нападне Лакдим, убивајќи го со огнено оружје.
Белтрам беше сериозно повреден, а со неговата смрт, бројот на жртви во нападот се зголеми на 4, додека 15 лица беа повредени.
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот, што е најкрвавиот напад, откако Емануел Maкрон стана претседател на Франција во мај минатата година.