Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
02 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе учествува на онлајн состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) оваа недела, соопшти турското Министерството за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено, Чавушоглу ќе учествува на 27. состанок на Советот на министри на ОБСЕ, чиј домаќин е Албанија, преку видеоконференција на 3 и 4 декември.
„Во текот на состанокот, ќе се дискутира за главните точки на агендата на ОБСЕ, заедно со размена на мислења за заканите и предизвиците во просторот на делување на ОБСЕ“, рече Министерството.