İlker Girit
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
КОМОТИНИ (АА) - Шест турски државјани беа приведени вчера откако илегално ја преминаа границата, соопшти грчката полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на грчката полиција, пребегнатите турски државјани се приведени од страна на силите на граничната полиција во североисточниот град Орестијада, откако наводно со бродови од пластика ја преминале реката Марица.
Полицијата вели дека 38-годишниот Тунижанин и 21-годишниот Мароканец биле исто така притворени поради наводно помагање на пребегнатите турски државјани.
„Осомничените се предадени во канцеларијата на јавниот обвинител во Орестијада“, се вели во соопштението.
Грчките медиуми објавија дека шесте лица се најверојатно членови на терористичката организација ФЕТО и ќе бараат азил во Грција.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, е одговорна за обидот за државен удар што се случи на 15 јули минатата година во Турција.
Бројот на турски жители што илегално влегле во Грција од 15 јули досега изнесува 100, вклучувајќи ги и осумтемина турски војници-пучисти.