?kipa
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Шефот на германската разузнавачка служба, Ханс-Георг Маасен, денес предупреди дека екстремистите би можеле да извршат нови терористички напади во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мора да се очекуваат нови напади на поединци или на терористички групи“, изјави Маасен, претставувајќи го годишниот извештај за работата на оваа агенција во присуство на министерот за надворешни работи на Германија, Томас де Мезиер.
Де Мезиер изјави дека околу 680 екстремисти се сметаат за потенцијално доволно опасни да извршат напад.
Иако Тунижанецот Анис Амри беше под надзор на полицијата, тој во декември минатата година изврши напад со камион на берлинскиот Божиќен саем, усмртувајќи 12 лица. Тоа е еден од најсмртоносните напади во Германија, чии власти во последните месеци поради низата напади во останатите европски градови ги заострија безбедносните мерки и извршија голем број антитерориситчки акции.