Mücahit Aydemir
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Либискиот министер за внатрешни работи, Фатхи Башагха, изјави дека Русија досега му испратила најмалку осум борбени авиони на Калифа Хафтар, лидерот на нелегитимните сили од источниот дел на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во разговор за телевизијата „Блумберг“, Башагха изјави дека Русија, преку базите на сириските воздушни сили на Хафтар му испратила најмалку шест борбени авиони „Миг-29“ и два авиони од типот „Су-24“.
Од Русија сѐ уште нема одговор во однос на ова прашање.
Во медиумскиот извештај се вели дека воздухопловните сили при милициите на Хафтар се подготвуваат „да започнат најголема воздушна операција во историјата на Либија против турските позиции“.
Либиската војска со беспилотни летала и со топовски сили во последните 24 часа уништи вкупно пет системи за воздушна одбрана од типот „Панцир“.
Во последниот период либиската војска постигна бројни успеси против милициите на Хафтар, меѓу кои е и ослободувањето на воената база „Ватија“ во западниот дел од земјата, која е од стратешко значење.