Ekip
13 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Неколку дена по соборувањето на претседателот Омар ал Башир, шефот на Суданската безбедносна и разузнавачка служба, Салах Гош, поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оставката е одобрена од генерал-полковникот Абдел Фатах Бурхан, шефот на Воениот совет“, соопштува владејачкиот Воен совет на Судан.
Ова поднесување на оставка се случи еден ден откако министерот за одбрана, Ахмед Авад Ибн Ауф, се откажа од својата функција како шеф на Воениот совет и го најави Бурхан како негов наследник.
Суданската војска во четвртокот по повеќемесечни протести, го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година.
Војската исто така формираше и Воен совет кој ќе ја води земјата за преоден период од две години.