Şenhan Bolelli
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
МАДРИД (АА) - Лекарите во Мадрид, главниот град на Шпанија, започнаа штрајк на неопределено време барајќи раскинување на привремените договори и вработување на неопределено време, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Соопштено е дека поради штрајкот започнат во јавните болници во Мадрид, здравствениот персонал и услугите ќе бидат намалени за 50 отсто во сите единици освен службите за итни случаи и критичните единици.
Во соопштенијата на синдикатите и здруженијата на лекари се наведува дека „злоупотребувањето на времено договорените лица е стигнато до неподносливо ниво и затоа штрајкот е неопходен“.
За да го прекинат штрајкот, синдикатите од Автономната управа во Мадрид бараат сите лекари вработени со привремени договори од 1 јануари 2016 година да се вработат на неопределено време и да се смени регулативата за привремените договори.
Истакнувајќи дека според стандардите на Европската Унија, стапката на вработување на лекарите со привремен договор во регионалните јавни болници е 8 отсто, претставниците на синдикатот нагласија дека оваа стапка во Мадрид е 53 отсто.
Лекарите кои демонстрираа пред Советот на Автономната управа во Мадрид најавија дека ќе продолжат со штрајкот.