Zehra Nur Düz
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денес пристигна во Украина во прва посета од член на Владата во Берлин од почетокот на руската војна во Украина на 24 февруари, јави Дојче веле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нејзината посета доаѓа во време кога Германија продолжува да се соочува со критики за нејзината политика кон Русија, што се смета дека ги става економските интереси над грижата за човековите права.
Коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц долго време води претпазлива политика и ја отфрли можноста за испорака на оружје за Украина, но ја промени својата политика во февруари.
Претходно овој месец, Владата дополнително го заостри својот став и почна да одобрува испорака на тешко оружје за Украина, вклучително и на седум артилериски системи хаубици.
Бербок го посети градот Буча во близина на Киев, планирајќи повторно да ја отвори германската Амбасада во Киев, која е затворена од средината на февруари, и да се сретне со украинскиот колега Дмитри Кулеба, наведува Дојче веле.
Минатата недела германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер телефонски разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски, по повеќедневните дипломатски тензии поради неговата откажана посета на Киев.
Двајцата лидери го опишаа разговорот како многу важен.