Almir Terzic
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
САРАЕВО (АА) - Јапонија најави нов пакет санкции кон Русија и Белорусија поради нападот врз Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јапонија го обнови спорот со Русија за Курилските острови.
Според јапонското Министерство за финансии, ќе биде замрзнат имотот на 20 руски претставници, меѓу кои и луѓе од потесниот круг на рускиот претседател Владимир Путин и челниците на руските компании кои соработуваат со владата.
Санкциите ќе погодат и 12 претставници на Белорусија.
Во меѓувреме, Токио исто така го обнови спорот со Москва за јужните Курилски острови. Министерот за надворешни работи Јошима Најаши рече дека четирите острови се составен дел од Јапонија.