Gülşen Topçu
05 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
ХУДЕЈДЕ (AA) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека над 121.000 Јеменци се засолнија во безбедни зони, бегајќи од судирите што се случија во градот Худејда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот подготвен од страна на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA), во соработка со групите кои вршат активности во областа на хуманитарната помош, се наведува дека над 121.000 лица мигрирале од почетокот на јуни и дека миграциите од градот се сè уште во тек. Се вели дека овие лица се членови на 17.350 семејства.
Според овој извештај, реализирани се активности за помагање со храна и средства за итна помош за околу 80.000 лица, членови на над 10.000 семејства.
Се истакнува дека по делумното смирување во последните неколку дена, извршени се воздушни операции во аеродромот во Худејда и во едно место близу патот кој води од Худејде кон Сана, додека вчера е извршен интензивен воздушен напад во подрачјето на Зебид.
Во извештајот се вели дека лицата што работат во областа на хуманитарна помош се наоѓаат во Худејда, и дека конвоите за помош можат да влезат и излегуваат од градот без да се соочуваат со многу проблеми.
Според овој извештај, голем број патишта сè уште се затворени за сообраќај, и се наведува дека треба да се преговора за да се влезе во повеќе подрачја на Худејда.
Се нагласува дека само половина од учениците можат да одат во училиште поради миграцијата. Откриено е дека голем број Јеменци се раселиле во градот, но не може да се стигне до подрачјата каде што се наоѓаат овие лица поради безбедносни причини.
Во извештајот се осврнува и на здравствената состојба во градот и се вели дека седум здравствени установи се затворени или активностите се привремено запрени.