Zeynep Hilal Karyağdı
20 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
САНА (АА) - За време на воздушниот напад на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, извршен во Јемен, убиени се четворица теренски команданти на Хусите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на 7. воена зона на Јеменската војска, коалициските авиони погодиле зграда во подрачјето на Нехем, во Сана, каде што високи команданти на Хусите одржувале состанок.
Во нападот се убиени четворица команданти на Хусите и неколку нивни телохранители. Меѓу загинатите команданти се наоѓа теренскиот командант на Хусите во Нехем, Јашир Амир, додека другите тројца команданти биле одговорни за градот Сада, кој е познат како „Калето на Хусите“.