Hamdi Yıldız
25 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ЈЕМЕН (АА) - Јеменската Армија соопшти дека уништила 3 воени единици на Хусите во провинцијата Мариб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бригадниот генерал Ахмед Ебу Усба, командант на фронтот „Мариб“ во провинцијата Сурвах на истокот на земјата, рече дека големиот напад на Хусите со поддршка од Иран е потиснат од страна на јеменската Армија и дека имаат многу загинати војници, и дека уништена им е воената опрема.
Наведувајќи дека трите големи единици што припаѓале на милицијата на Хусите, кои се подготвувале да нападнат на фронтот „Сурвах“, биле уништени, Усба рече дека Хусите се подготвувале околу два месеца за да го заземат патот во провинцијата Мариб.
Хусите сè уште не дадоа никакви информации во врска со настанот.
Поголемиот дел од провинцијата Мариб, која важи за еден од нафтените центри во земјата, е под контрола на јеменската Армија. Хусите, кои држат под контрола некои точки во провинцијата, продолжуваат со обидите да ги прошират своите контролни области.