Alma Dekovic
27 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
МЕЛБУРН (АА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја одбрани титулата победник на Австралија опен откако во финалето ја совлада Кинезинката Женг Чинвен со резултат 6:3, 6:2 по сетови, известува Анадолу.
Сабаленка го освои Австралија опен на импресивен начин, без изгубен сет во седум одиграни натпревари.
Таа на патот до финалето со по 2:0 во сетови ги совлада Ел Сидел, Бренда Фрухвиртова, Лесја Цуренко, Аманда Анисимова, Барбора Крејчикова и Коко Гоф.
Сабаленка ја освои својата втора Гренд Слем титула, вкупно 14 во кариерата. Таа на новата ВТА листа ќе остане втора тенисерка на светот, но ќе ја намали предноста зад првопласираната Ига Свјонтек на само 665 бодови.