Zlatan Kapiç
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Антонио Конте, менаџер на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, кој е шампион во Премиер лигата за оваа сезона, изјави дека неговиот тим може да биде уште подобар и да напредува на повеќе начини, пренесува Anadolu Agency (AA).
Челзи јa потврди титулата во Премиер лигата за оваа сезона, а ќе игра и во финалето на ФА купот.
„Верувам дека најдоброто од овој тим допрва треба да дојде. Ќе се обидеме и во следниот период да го освоиме секој натпревар што ќе го играме“, изјави Антонио Конте за клупската интернет-страница.
Конте потсети дека поради амбициите на клубот ќе продолжи со освојување на трофеите. Челзи ќе се обиде да ги задржи своите најдобри играчи.
Челзи ја потврди титулата на првак во Премиер Лигата за оваа сезона, а ќе игра и во финалето на ФА купот.