Ekip
12 Јуни 2021•Ажурирај: 12 Јуни 2021
РИМ
Репрезентацијата на Италија ја совлада селекцијата на Турција со резултат 3:0 во првиот натпревар од фудбалското првенство (ЕУРО 2020), одигран на Олимпискиот стадион во Рим, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Првата сериозна шанса во првиот натпревар од ЕУРО 2020 ја имаше Лоренцо Инсиње во 18 минута, меѓутоа не успеа на својот тим да му донесе водство. Неколку минути подоцна, уште една шанса за Италија, Киро Имобиле шутираше, но топката се одби од турскиот дефанзивец Каљари, Сојунуџ.
Во второто полувреме, во редовите на Турција влегува Џенгиз Ундер, кој веќе во 51 минута шутираше кон голот на Италија, но без успех.
Во 53. минута Италијанците поведоа, откако Берарди шутираше од десната страна, топката се одби од Демирал и заврши во мрежата на турскиот голман Угурџан Чакир. Италија води со 1:0.
Во 66 минута, по 13 минути пауза, Имобиле погодува за водство на Италија од 2:0
Мрежата на голманот на Турција, кој направи грешка, повторно се затресе во 79 минута. На листата на стрелците се запиша и Инсиње.
Бурак Јилмаз во судиското надополнување имаше можност да го намали водството на Италија, но без успех.
3:0 за Италија беше и конечен резултат на натпреварот.