Husamedin Gina
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) – Одбојкарската репрезентација на Турција вечерва во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје, во квалификацискиот турнир за настап на Европското одбојкарско првенство, ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:0 во сетови, јавува Агенција Анадолија (АА).
На вториот ден од квалификацискиот турнир на кој машките репрезентации на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина се борат за пласман на Европското првенство, репрезентацијата на Турција ја совлада Босна и Херцеговина со 3:0 во сетови.
Репрезентацијата на Турција, првиот сет кој траеше 19 минути го доби со 25:15.
Вториот сет, кој траеше 21 минути, Турција го доби со резултат 25:17.
Третиот и последен сет со резултат од 25:18 го освои репрезентацијата на Турција. Последниот сет траеше 21 минута.
На натпреварот судеа грчкиот судија Аврамидис Александрос и судијата Александар Петровиќ од Србија.
Следниот натпревар од квалификациите во Групата Ц ќе се игра утре, 13 јануари, помеѓу Северна Македонија и Турција, со почеток во 18 часот.
На крајот од квалификациите за учество на Европското првенство во одбојка за мажи, што ќе биде организирано како два одделни турнири, тимовите кои во своите групи ќе го освојат првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе имаат право да учествуваат на ЕП 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска во 2021 година.