Hilmi Sever
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
АНТАЛИJА (АА) - Турција победи со резултат 2-0 против Косово на натпреварот којшто се одржа во рамките на кавалификациите за Светското првенство за 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Со овој резултат Турција ја постигна и првата победа во групата и успеа да освои 5 бодови, додека Косово остана со само еден бод.
Во 51. минута стрелецот на Турција Бурак Јилмаз го постигна првиот гол, додека во 55. минута Волкан Шен го постигна и вториот гол.
Во 61. минута косовскиот играч беше многу блиску до погодок, но голманот на Турција Волкан Бабаџан успеа да го одбрани ударот.
Во другите минути немаше конкретни шанси и натпреварот заврши со резултат 2-0 за Турција. Со оваа победа Турција успеа да ја постигне и првата победа во оваа група.