Şenhan Bolelli
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - Кристијано Роналдо, португалскиот фудбалер на екипата „Реал Мадрид“, којшто поради слабите настапи во сезоната на Ла лига беше критикуван од страна на медиумите, по постигнувањето на головите против „Алвес“ повторно стана сјајно име, јавува Anadolu Agency (AА).
За 8 сезони во дресот на шпанската екипа, 31-годишниот Кристијано Роналдо во 38 натпревари, најмалку еднаш успеал да постигне хет-трик. Со оваа статистика, Роналдо успеа да го надмине играчот на „Барселона“, Лионел Меси, кој досега 37 пати успеал да постигне хет-трик и го презеде првото место како фубалер што досега има постигнато повеќе хет-трикови во шпанската лига.
Од клубот „Реал Мадрид“ се истакнува дека фудбалската ѕвезда успеала во 11 одиграни депласмани во Ла лига, на 31 натпревар да постигне повеќе од три гола. „Статистиките на Роналдо не може да ги достигне ниеден фубдалер“, се изјаснија од клубот. Истакнувајќи дека Роналдо го достигнал сопствениот рекорд во сезоната 2014-2015, постигнувајќи 8 хет-трика, од клубот изјавија: „Роналдо е играчот што има постигано најмногу голови во историјата на ‘Реал мадрид’ и сѐ уште не се изморил од кршење рекорди. Ова уште еднаш го покажа во натпреварот со ‘Алавес’“.
Од друга страна, со головите на одиграниот натпревар на стадионот „Мендисороса“ на клубот „Депортиво Алавес“, Кристијано Роналдо постигна по најмалку еден гол на вкупно 49 стадиони. Португалскиот фудбалер досега постигнал голови на 29 стадиони во Шпанија и на 20 стадиони во Европа.