Alma Çekovic
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека неговиот тим поради „детски“ грешки не успеал да ја сочува предноста над Лестер во 19. коло од Премиер лигата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лестер синоќа со еден играч помалку во последните моменти од продолжението стигна до изедначување (2:2).
На прашањето на новинарот зошто неговиот тим не успеал да ги освои сите три поени, португалскиот стручњак одговори дека се казнети поради пропуштени шанси и грешки.
„Не победивме бидејќи пропуштивме неверојатни можности за гол, би рекол, смешни можности. Во второто полувреме направивме многу грешки во одбраната во натпреварот во којшто можевме лесно да победиме. Игравме добро и резултатот требаше да биде четири, пет или шест. Но реалноста е дека резултатот беше 2:2. Некогаш правите грешки и не ве казнуваат, но ние бевме казнети. Казнети сме поради сопствените грешки. Што повеќе да кажам? Беше лесен натпревар за победа, но кога ќе ги испуштите можностите пред голот и со детски грешки ја губите топката, ќе бидете казнети на крај“, изјави Мурињо по мечот.
Манчестер Јунајтед зазема второ место на табелата со 13 поени помалку од градскиот ривал Сити.