Alma Çekovic
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
МАНЧЕСТЕР (АА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо (54), не верува дека кариерата ќе ја заврши во клубот од „Олд Трафорд“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот стручњак, кому ова му е втора сезона на клупата на „црвените ѓаволи“, никогаш не поминал повеќе од четири години во континуитет во еден од седумте клубови што ги водеше.
„И понатаму сум тренер со грижи, амбиции и желба да направам нови нешта“, изјави Мурињо за француската телевизија „TF1 Telefoot“.
На прашањето дали има намера да ја заврши својата кариера во Јунајтед, Португалецот изјави дека е сигурен оти до тоа нема да дојде.
Мурињо, кој со англискиот клуб минатата сезона го освои Лига Купот и Лига Европа, изјави дека неговиот син неодамна го гледал натпреварот на Париз Сен Жермен (ПСЖ) од трибините и смета дека станува збор за фантастичен клуб.
„Зошто ПСЖ? Затоа што има нешто посебно. Магија, квалитет, младост, фантастично е“, рече Мурињо, пренесува Би-би-си (BBC).