Sibel Vezaj
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Фудбалската федерација на Украина (ФФУ) соопшти дека ФИФА дозволила натпреварот за квалификациите за Светското првенство 2018 меѓу Украина и Косово да се одигра во некое друго место, всушност надвор од Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фудбалската федерација на Украина изјави дека со одлуката на Националната федерација, домаќин на овој натпревар ќе биде полскиот град Краков.
Во меѓувреме, Фудбалската федерација на Украина ќе ги посети стадионите „Висла“ и „Краковија“ за да одлучи каде да се одигра натпреварот.
Украина е меѓу земјите што сѐ уште не ја признале независноста на Косово и поради ова, натпреварот Украина-Косово ќе се одигра во земја-сосед на Украина, во Полска.