Kasım İleri
11 Септември 2022•Ажурирај: 12 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек го освои последниот грен слем турнир УС Опен совладувајќи ја во финалето Тунижанката Онс Џабер, известува Агенција Анадолија (АА).
Финалето на УС Опен во женска конкуренција се одигра синоќа пред преполните трибини на спортскиот комплекс во Њујорк, а 21-годишната Швјонтек, светски рекет број 1, славеше со резултат 2:0 (по сетови 6:2 и 7:6).

И 28-годишната Тунижанка Џабер задоволна го напушти теренот бидејќи влезе во историјата како прва арапска и африканска тенисерка која играла во финалето на УС Опен.