Can Erözden
12 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Шпанската тениска сензација Карлос Алкараз ја освои титулата на УС Опен 2022, освојувајќи ја својата прва Гренд слем титула, и се пласираше на првото место во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
19-годишниот Алкараз го победи Норвежанецот Каспер Руд со 6:4, 2:6, 7:6 (7:1), 6:3 во сетови на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк.
Шпанскиот тинејџер поведе освојувајќи го првиот сет со 6:4.
Но, Руд израмни со импресивен сет 6:2.
Со големи напори Алкараз го одведе третиот сет до тајбрејк, 6:6, а потоа го доби тајбрејкот со 7:1, поведувајќи со 2:1.
Сигурен во четвртиот сет, кој заврши 6:3, Алкараз ја освои својата прва голема титула во историјата.
На Алкараз му беше врачен шампионскиот трофеј и парична награда од 2,6 милиони долари.
Руд остана на второто место во машка поединечна конкуренција добивајќи 1,3 милиони долари.
Каспер Руд претходно во јуни стигна до финалето на Роланд Гарос 2022.