Mutlu Demirtaştan
20 Август 2023•Ажурирај: 22 Август 2023
РИЈАД (АА) - Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал официјално го претстави големото засилување, бразилската ѕвезда Нејмар, јавува Анадолу.
Нејмар пристигна во Ал Хилал од францускиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).
Бразилскиот напаѓач беше претставен на церемонијата на стадионот „Крал Фахд“ пред натпреварот меѓу Ал Хилал и Ал Феих.
Околу 60 илјади навивачи на Ал Хилал, кои ги исполнија трибините, со големо воодушевување го пречекаа 31-годишниот Нејмар.
Бразилецот за две сезони во дресот на Ал Хилал ќе заработи 300 милиони евра. Се смета дека оваа бројка ќе достигне 400 милиони евра со приходите од реклами и спонзорства.
Откако му се приклучи на ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра, Нејмар одигра важна улога во клубот освојувајќи пет титули во француската Лига 1 во 2018, 2019, 2020, 2022 и 2023 година.
Нејмар, исто така, му помогна на ПСЖ да стигне до своето прво финале во Лигата на шампиони на УЕФА во 2020 година.
Во својата досегашна кариера играше за Сантос, Барселона и Париз Сен Жермен. Во дресот на бразилската репрезентација во 124 натпревари постигна 77 гола.