Elvır Hodzıc
26 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
АНКАРА
Раководството на Формула 1 соопшти дека од 2023 година трката за Големата награда на Русија се сели од Сочи во Санкт Петербург, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трката за Големата награда на Русија од 2014 година се вози на патеката во Сочи, а од 2023 година ќе се вози на автодромот „Игора Драјв“ на периферијата на Санкт Петербург.
Патеката на периферијата на Санкт Петербург ја дизајнираше Хермен Тилке, а ФИА минатата година на овој комплекс му додели лиценца од 1. степен, со која станува втора патека во Русија што ги исполнува критериумите за одржување трки во Формула 1.
„Драго ми е што можам да го потврдам тоа по интензивната заедничка работа со нашите руски партнери и деталната проценка на Игора Драјв. Формула 1 ќе се вози на таа спектакуларна патека од 2023 година“, рече претседателот и извршен директор на Ф1, Стефано Доменикали.
Тој наведе дека е импресиониран од Санкт Петербург и изрази убедување дека Големата награда на Русија на патеката „Игора Драјв“ ќе претставува неверојатен настан.
Од Формула 1 наведоа дека повеќе детали за трката ќе бидат објавени во наредните месеци.
Овогодишната трка за Големата награда на Русија ќе се одржи на 26 септември во Сочи.