Adam Abu Bashal
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
ФРИТАУН (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја укина забраната што беше воведена кон западноафриканската држава Сиера Леоне, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за санкции кои ФИФА во октомври ги наметна кон Сиера Леоне поради големиот притисок на Владата врз Националниот фудбалски сојуз на таа земја (SLFA).
„Забраната е укината откако Врховниот суд на Сиера Леоне го ослободи од обвинувања претседателот на Националниот фудбалски сојуз, Иш Џонсон и генералниот секратар на таа организација, Крис Камар“, се наведува во соопштението на ФИФА.
Портпаролот на Националниот фудбалски сојуз, Ибрахим Камар, за АА изјави дека одлуката на ФИФА е многу важна за Сиера Леоне, бидејќи во иднина ќе може да настапува на меѓународни фудбалски натпревари.
„Ова е многу важна одлука за нас. Се роди надеж кај нашите млади фудбалери“, изјави Камар.