Erkan Tiryaki
18 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
АЈДИН
Шпанскиот велосипедист Хосе Мануел Диаз Галего, од француската екипа Делко, е победник на 56. Претседателска велосипедска трка во Турција (ТУР 2021), јавува Агенција Анадолија (АА).
Оваа трка, што е под покровителство на турското Претседателство, започна во турскиот град Коња, и по 8 дена заврши со последната етапа долга 160,3 километри помеѓу Бодрум и Кушадаси. Во рамки на ТУР 2021, велосипедистите возеа 1.244 километри.
Дваесет и шестгодишниот велосипедист на Делко, Галего, со 29 часа 19 минути и 40 секунди стана шампион на ТУР 2021.
Второпласиран е австралискиот велосипедист Џеј Вајн од белгиската екипа „Алпесин-Феникс“, со задоцнување од една секунда позади победникот, и третопласиран е аргентинскиот велосипедист Едуардо Сепулведа од италијанската екипа „Андрони Џокатоли-Сидермек“ со задоцнување од 6 секунди позади победникот.
Победник на осмата и последна етапа на ТУР 2021 е британскиот велосипедист Марк Кевендиш од белгиската екипа „Декојнинк-Квик Степ“, со време од 3 часа 24 минути и 38 секунди.
Велосипедистите во ТУР 2021 ги доживееја сите годишни сезони.
Првата етапа се планираше да се реализира во Кападокија, но беше откажана поради снежно време. Наместо оваа етапа, велосипедистите ја започнаа турнејата со паркур од 72,4 километри во Коња и возеа во многу студено време.
Потоа, велосипедистите поминаа од Алања-Кемер, каде што го искусија сончевото време на топлите брегови на Медитеранот, а потоа на етапата помеѓу Кемер и Елмали (Ѓогубели) се искачија на надморска височина од 1.850 метри.
Спортистите на бреговите на Егејското Море беа дочекани од ладно и ветровито време. ТУР 2021, која продолжи во Фетхије, Мармарис, Тургутреис и Бодрум, заврши во Кушадаси со врнежи од дожд.