Barış Gündoğan
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб соопшти дека во операцијата „Маслинова гранка“ се земаат како цел само терористите и нивните засолништа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во операцијата Маслинова гранка се земаат како цел само терористите и нивните засолништа, позиции, оружје, средства и опрема, и дека обрнуваат големо внимание да не се загрозат цивилите и невините луѓе", се вели во соопштението.
Се соопштува и дека турските воздухопловни сили не користат муниции како напалм, хемиски, биолошки и слични муниции кои се забренети според меѓународните права и договори.