Merve Yıldızalp
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Заменикот премиер на Република Турција Јалчин Акдоган, изјави дека под маската на борба против терористичката организација ДАЕШ во регионот се води борба за политичка моќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Акдоган беше гостин во уредничкиот деск на АА во Анкара, а во таа пригода се осврна на прашањето на глобалниот тероризам како и на други актуелни случувања.
„Под маската на борба против терористичката организација ДАЕШ во регионот се води борба за политичка моќ. ДАЕШ поттикна некој француски клуч кој ги отвора сите врати, односно инструмент кој служи за уредување на внатрешната политика но и границите”, рече Акдоган.
Кога е во прашање делувањето на терористичката организација ПКК во Турција, Акдоган нагласи дека жителите на Турција не дозволија да бидат измамени, и дека на терористичката организација и е важно само остварување на сопствените цели.
„Жителите сфатија дека на една страна се наоѓа државата која му пружа поддршка на народот, гради училишта и болници, а на другата страна организација која ги бомбардира истите тие училишта, руши и пали болници и која го прави животот на населението неподнослив. Организацијата е еднаква на смртта, а државата значи надеж и живот достоен за човека. Нашите жители тоа го сфатија и затоа пропадна стратегијата на терористичката организација", порача Акдоган.
- Русија стана Асадов партнер во сеењето државен терор -
Акдоган се осврна и на последните случувања во сирискиот град Мадаја, кој е опколен од сите страни од силите на сирискиот режим и Хезболах.
Според Акдоган, во овој град се случува една голема хуманитарна трагедија.
„Ние сме крајно чувствителни на ова прашање. Но, за жал, меѓународната заедница по овие прашања од почетокот покажуваше нечувствителност. Сведоци сме дека во регионот во кој се наоѓаат Туркмените тие се бомбардирани од страна на режимските сили, а истото го прави и Русија од копно и од море. Регионите кои ги бомбардира нема терористи, таму се наоѓа умерената опозиција и Туркмените, таму се наоѓаат цивили. Ги бомбардираат сите училишта и болници, животите ги губат децата, учениците”, рече Акдоган.
На крајот додаде дека Асад спроведуваше државен терор, вршеше големи злосторства, убивајќи го својот народ, а во тоа сега партнер му е и Русија.