Selma Kasap
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 27 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во последните 24 часа во продолжението на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија, додека 140 терористички позиции беа уништени во истата област, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ беше покрената на 24 август 2016 година во северниот дел на Сирија поради неутрализирање на терористичките закани, со фокус на ДЕАШ и за зајакнување на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право ги поддржуваат турските сили.
Генералштабот на турската армија соопшти дека во последните 24 часа, односно во 181. ден од офанзивата, продолжуваат нападите врз терористичките позиции, со акцент на напади врз упориштата на ДЕАШ во Ал Баб.
Турските артилериски сили во текот на денот погодија и уништија 122 новооткриени цели на ДЕАШ, меѓу кои терористички засолништа, магацини, воени возила и контролни пунктови.
Паралелно со тоа, турските воздухопловни сили уништија и 18 позиции на терористите на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, меѓу кои 14 објекти.
За време на нападот врз упориштата беа убиени најмалку 27 припадници на ДЕАШ.