Erdoğan Çağatay Zontur,Jeyhun Aliyev
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
АНКАРА
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека нема потврдено случаи на заразување со Ковид-19 меѓу турскиот воен персонал, јавува Агенција Аадолија.
„Досега немавме никакви инциденти и ќе ги завршиме своите должности без ниту еден“, рече Хулуси Акар на прес-конференција.
Акар исто така објави дека е формиран центар за ублажување на ширењето на епидемијата од коронавирусот во Турските вооружени сили.
Центарот е формиран со цел надзор и управување со мерките против вирусот во воените единици и седишта.
„Турските вооружени сили исто така произведуваат медицински маски и дезинфициенси“, изјави Акар, додавајќи: „Имаме за цел да ги исполниме потребите не само на Турските вооружени сили, туку и на нашиот народ со тоа што ќе го зголемиме производството.“
Според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 395.000, а бројот на починати е над 17.150, додека речиси 103.000 се излекувале.
Според последните официјални бројки, во Турција досега се детектирани 1.529 случаи на заразување со коронавирусот, а бројот на починати изнесува 37 лица.