Zeynep Rakipoğlu
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Големата џамија „Аја Софија“ во Истанбул, Турција, по 88 години ќе го одржи својот прв теравија намаз, вечерна молитва за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Планирани се бројни настани за време на Рамазан, во џамијата која е претворена во музеј во 1934 година, и го врати статусот на џамија во 2020 година, кога беше отворена за молитва на 24 јули истата година.
Како дел од ограничувањата за Ковид-19 во Турција, џамијата, сепак, не можеше да се користи откако започна пандемијата поради ризикот од зараза.
Но со оглед на тоа што поголемиот дел од населението е вакцинирано и тоа што бројот на нови случаи и смртни случаи се намалува, а бројот на оздравените пациенти се зголемува на дневно ниво, турските власти одлучија повторно да ја отворат џамијата за Рамазан, најсветиот месец во годината за муслиманите.
„Аја Софија“ е изградена во 532 година од нашата ера. Таа била претворена во џамија во 1453 година по освојувањето на Истанбул.
Служела како црква 916 години и 86 години како музеј. Од 1453 година до 1934 година, или околу 500 години, служела како џамија.
Во 1985 година, „Аја Софија“ беше додадена на Листата на светско наследство на УНЕСКО.
„Аја Софија“ е исто така помеѓу најдобрите туристички дестинации на Турција и останува отворена за домашни и странски посетители.