Halil İbrahim Başer
26 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими претседателот на Регионалното раководство на ирачките Курди, Месут Барзани, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата која започна во палатата Мабејн продолжи зад затворени врати, без присуство на медиумите.
На средбата се очекува воглавно да стане збор за состојбата во Мосул и во Тал Афар, за присуството на терористичката организација ПКК во Ирак како и за последните случувања во Сирија.