Merve Aydoğan
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
БИНЃОЛ (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се неутрализирани како дел од антитерористичките операции во источна Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку соопштение, Kанцеларијата на гувернерoт на турската област Бинѓол истакна дека безбедносните сили започнале антитерористичка операција во руралното подрачје Асагикој во која ги неутрализирале терористите.
Во над 30-годишната терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организациии во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе.