Handan Kazancı
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Од средината на јули Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку 38 терористи на турска територија, како дел од антитерористичките операции „Јилдирим“ во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За време на деветте антитерористички операции „Јилдирим“, Турција уништи и 63 пештери и засолништа на терористите“, изјави за новинарите портпаролот на турското Министерство за внатрешни работи, Исмаил Чатакли.
Турските власти честопати го користат терминот „неутрализиран“ за да укажат дека терористите за кои станува збор се предале, биле убиени или заробени.
Операцијата „Јилдирим-1 Џуди“, во југоисточната турска област Ширнак на 14 јули, и последователните операции беа насочени кон неутрализирање на терористите кои се кријат во источна и југоисточна Турција.
Чатакли, исто така, рече дека овој август Турција неутрализирала вкупно 81 терорист на турска територија - за време на операциите „Јилдирим“ и одделните операции - од кои неколкумина се на листата на барани од Министерството.
„Во август, Турција спроведе вкупно 9.197 антитерористички операции во руралните подрачја и 840 во границите на турските области“, додаде Чатакли.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.