Handan Kazancı
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ВАН (АА) - Вкупно 65 нерегуларни мигранти задржани се денес во источната турска област Ван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Дирекцијата за безбедност на областа Ван истакнува дека безбедносните сили запреле сомнителен минибус во дистриктот Ипекјолу.
Во минибусот за 15 лица имало 24 Авганистанци, 20 Пакистанци, седум Сиријци, 12 Бангладешани и двајца државјани на Мјанмар, а сите влегле во земјата илегално.
Возачот на минибусот е приведен.
Нерегуларните мигранти потоа се префрлени во обласниот центар за миграции.
Турција е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти кои имаат за цел да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонства.
Според Министерството за внатрешни работи на Турција, во 2018 година во Турција задржани се околу 268.000 нерегуларни мигранти, а досега оваа година се задржани над 336.000 мигранти.