Jeyhun Aliyev
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНКАРА (АА) - „Турската жандармериска команда во југоисточната област Сирт неутрализираше тројца терористи, вклучувајќи и еден што се наоѓал на листата на барани терористи од страна на безбедносните сили“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Меѓу неутрализираните терористи е и Екрем Аксој, под кодното име Дижвар Сасон, терорист на ПКК, кој се наоѓа во сивата категорија на листата на барани терористи од страна на Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението на Министерството.
„Аксој изјави дека за лицето имало распишано награда од 300.000 турски лири (51.000 долари)“, се додава во соопштението.
Листата на барани лица е поделена на пет категории - во црвената категорија се наоѓаат најбараните лица, потоа следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија на барани терористи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца. ЈПГ е сирискиот огранок на ПКК.