Erdoğan Çağatay Zontur
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
БУРСА
Вкупно 26 лица се приведени денес во северозападната турска област Бурса поради нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Осомничените, меѓу кои и 12 сириски државјани, беа приведени од единиците за борба против тероризмот на полицијата во Бурса“, соопшти безбедносен извор, кој побара да остане анонимен.
Терористите на ДЕАШ во Турција од 2013 година изведоа бројни терористички напади, вклучувајќи 10 самоубиствени, 7 бомбашки и 4 вооружени напади. Во тие напади се убиени најмалку 315 лица, вклучувјќи 11 полицајци и двајца војници. Ранети се најмалку 137 цивили, 62 полицајци и 7 војници.
Како резултат на нападите, Турција започна антитерористички операциии во рамките на државата, но и надвор, неутрализирајќи 3.500 терористи на ДЕАШ и приведувајќи 5.500.