Cankut Taşdan
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
АНКАРА / ИЗМИР / КАЈСЕРИ
Најмалку 38 осомничени лица се приведени денес поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во главниот град Анкара приведе 13 припадници на ФЕТО, откако обвинителите издадоа налози за приведување на 16 осомничени лица во градот, кои беа поврзани со местење на испитите во полицијата во 2012 година.
Акциите за приведување на останатите осомничени се во тек.
Обвинителите во западната турска област Измир издадоа налози за приведување на 15 осомничени лица, како дел од истрагата покрената за осомничените кои ја користеле апликацијата за кодирани пораки „Бајлок“.
Вкупно 10 осомничени лица се приведени во тековната операција во Измир.
Во меѓувреме, обвинителите во централната област Кајсери побараа приведување на 20 осомничени, меѓу кои има воени лица во служба и отпуштени воени лица, како дел од истрагата започната за инфилтрирање на терористичката организација во војската, изјавија извори под услов да останат анонимни.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.