Fatih Hafız Mehmet
18 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во текот на денешниот ден на територијата на Турција фатени се вкупно 273 илегални мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Турската крајбрежна стража во седум различни операции во водите на Егејското Море пресретнала 271 илегален мигрант“, истакнаа извори кои сакаа да останат анонимни.
Мигрантите сакале да преминат со чамци во Грција, а повеќето од нив биле државјани на Авганистан, додека 43 мигранти биле од Централноафриканската Република.
Во друг случај, во источната турска област Ван уапсени се двајца илегални мигранти од Авганистан.
Турција е главната рута за бегалците кои се обидуваат да стигнат до Европа, особено по почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.
Според турското Министерство за внатрешни работи, од 15 октомври оваа година, во Турција се фатени околу 250.000 нерегуларни мигранти.
Најголем дел од мигрантите се државјани на Авганистан, Пакистан, Сирија и Ирак.