Hanife Erdinç
22 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето Ајвачик, во турската област Чанаккале, фатени се 34 непријавени мигранти, кои по илегален пат се обиделе да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските екипи кои продолжуваат да спроведуваат мерки во рамките на спречување на неправилни миграции, за време на патролата во Нусратлиалти, фатиле група луѓе.
Фатени се 34 лица, меѓу кои се наоѓаат и жени и деца. Се работи за државјани на Авганистан.
Мигрантите се предадени на жандармериската управа во Ајвачик, а потоа се упатени на надлежниот Центар за враќање на странци.