Şahin Oktay
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
КОЏАЕЛИ (АА) - „TCG Burgazada“, која е трета корвета од Ада - класа изградена во рамки на турскиот Проект за национален брод (МИЛГЕМ), вториот ден од вежбата „Сина татковина 2019“ го започна со артилериски гаѓања врз надводните цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е турската вежба „Сина татковина 2019“, која се реализира со учество на 103 брода истовремено на трите мориња околу Турција, нешто што за првпат се случува во историјата на земјата.
Во раните утрински часови, 21 воен брод, кои влегоа во заливот Сарос, во Егејското Море, се позиционираа за гаѓање на надводните цели.
По активностите на фрегатите „TCG Kemalreis“ и „TCG Kemalreis“, активности реализираше и „TCG Burgazada“, која со главната батерија 10 пати ги гаѓаше надводните цели.
„TCG Burgazada“ успешно ги спроведе гаѓањата, а се подготвува и за копнено бомбардирење кое ќе се реализира кон вечерните часови.