Sena Güler
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Двајца барани терористи се меѓу шестмината неутрализирани во источната турска област Битлис, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакна дека Озлем Атсак, со кодно име Ронахи Дерсим, од портокаловата листа на барани, и Ридван Ерјилмаз, со кодно име Азад Сорес, во сивата листа на барани по кои се трага, се неутрализирани во вчерашната операција во областа Сехи.
Атсак е одговорен за раководење со женската група на терористичката организација. Во соопштението не се наведува на која терористичка организација ѝ припаѓаат терористите, но во тој регион активна е терористичката организација ПКК.
Листата на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи е поделена на пет категории: црвена како најбарана, потоа сина, зелена, портокалова и сива категорија на барани.
„Вчера, шест терористи се неутрализирани во Битлис за време на домашната безбедносна операција спроведена со поддршка на беспилотно летало и воен хеликоптер АТАК“, се додава во соопштението.
Турските власти го користат терминот „неутрализирани“ за да укажат дека терористите за кои станува збор се предале, биле убиени или заробени.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.