Enes Kaplan
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
АФИОНКАРАХИСАР (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се обрати на свечено отворање на плоштадот „Република“ во Афионкарахисар, јавува Anadolu Agency (AA).
Посочувајќи на денешните избори што се одржуваат во Холандија, Ердоган истакна: „Ќе излезе на виделина, што ќе прават сопствениците на тие коњи и кучиња. Ова нема врска со граѓанство. Нема врска со модерниот свет. Тоа се оние што масакрираа 8.000 Бошњаци во Сребреница, во Босна и Херцеговина“.
- „Невозможно е да бидеме збратимен град со вакви луѓе“
Ердоган потсети дека Истанбул и Ротердам се збратимени градови и рече:
„Ротердам бил збратимен со Истанбул. Синоќа му реков на нашиот премиер: ’Веднаш да му кажеме на градоначалникот на Истанбул, еднострано да го прекине договорот за збратимување со нив’. Затоа што е невозможно да бидеме збратимен град со вакви луѓе“.
- „Европа започна кампања 'НЕ' за референдумот во Турција“
Во врска со развојот на настаните во европските држави пред референдумот во Турција, Ердоган изјави:
„Цела Европа започна кампањата 'НЕ' пред референдумот во Турција, на кој народот ќе гласа на 16. април. Во весниците излегуваат наслови на турски – ’НЕ’, ’Не за диктаторот Ердоган’. Но референдумот нема врска со мојата личност. Ова е гласање за систем во Турција, гласање за промена на еден систем. Каква врска има со Таип, со Ердоган?“„Ги сметаат за непријатели сите оние што не се од нив“.
Турскиот претседател истакна дека Европа се плаши од сите што не се дел од неа.
„Европа оди кон самозадушување од сопствените стравови. Нејзиниот страв од Турците и од исламот е неконтролиран. Се плашат од сѐ, се плашат дури и од бегалците кои ги засолнаа кај нив, затоа што не им остана ништо добро да се одржат во живот, се плашат од сите што не се дел од нив, ги сметаат за непријатели сите оние што не се од нив“, рече Ердоган.
- „Со ставот што го имаат против нашата земја, ЕУ испразни сѐ од себе“
Ердоган го критикуваше ставот на Европа кон Турција, напоменувајќи го и напуштањето на Велика Британија од ЕУ.
„Со ставот што го имаат против нашата земја, ЕУ испразни сѐ од себе. Дали Британија ја напушта ЕУ? Со настанот наречен Брегзит, одржаа референдум и донесоа одлука за напуштање на ЕУ. По ова, ниту ЕУ ниту некоја друга европска земја нема право никому да му држи предавања по демократија, слобода и право. Духот на фашизмот шета по европските улици“, истакна турскиот претседател.
Во однос на активностите на политичките партии во врска со народното гласање, Ердоган истакна:
„Добро, Европјаните ги разбравме, но што се случува со нашата главна опозициска партија? Точките што ни од далеку, ни одблизу не се поврзани со промена на Уставот ги прикажуваат како такви. На овој начин, заматувајќи ја главата на нашиот народ, ја носат водата на воденицата на непријателот на Турција. Станува збор за промена на 18 члена од Уставот, за што ќе гласа народот на референдумот на 16. април. Лицето челник на опозициската партија не се обидело ниту да ги отвори овие 18 члена за да ги прочита“, рече турскиот претседател.